Речиси напуштениот град на Красногорск во Казахстан станал вистинска мистерија за лекарите и останатите медицински експерти. Година дена наназад во периоди се појавува епидемија на болест на спиење.
Луѓето кои ќе заболат непрекинато спијат и по шест дена. Никој не знае зошто. До сега се појавиле неколку бранови на епидемијата. Првиот од нив во март минатата година, а последниот сега во мај.
Со оваа болест се заразиле околу 60-тина лица кои откако ќе се разбудат, имаат привремено губење на меморијата.
Една од жртвите била и млекарката Мариа Фелк од селото Калачи во Красногорск. “Молзев крави како и секое утро и одеднаш заспав. Не се сеќавам на ништо освен дека се разбудив во болница опкружена со лекари и медицински сестри”, изјавила Фелк.
До сега на подрачјето на Красногорск направени се повеќе од 7.000 тестирања на почвата и водата со цел да се најде причината за ваквата болест, но експертите и понатаму се чудат.
Точка.ком.мк