Полицијата од Гостивар засега е без одговор за смртта на гостиварецот М.З. (1960), кој почина вчера после неговото учество во сообраќајна несреќа која се случила во центарот на градот. Бидејќи иследниците на МВР не ја откриле причината за смртта, локалниот јавен обвинител донел наредба телото на починатиот да се пренесе за обдукција и да се открие причината за смртта.
Засега се знае дека починатиот околу 16 часот возејќи го своето возило „форд фиеста“ со скопски таблички се судрил со „киа рио“. Второто возило го управувал неговиот врсник и сограѓанин В.Ј.. Штом двете возила малку се судриле, М.З. не давал знаци на живот. Со возило на Итна помош бил пренесен во локалната болница. Лекарите после неколку часовна битка да го реанимираат, не успеале. Сите детали за трагедијата која се случила на крстосницата од улиците ЈНА и Б.Гиновски му се предадени на гостиварскиот обвинител.