Мистериозна смрт на познат хакер – само 1 недела пред да каже како се убива човек преку пејсмејкер


Познатиот хакер Барнаби Џек, на 36 годишна возраст, починал во својот дом во Сан Франциско, само неколку денови пред да настапи во Лас Вегас, на која најавил дека ќе открие дека е возможно убивањето на луѓе со вградените пејсмејкери преку хакирање на истите.

haker mrtovСосема малку детали се познати за неговата прерана и мистериозна смрт. Познато е само дека умрел во својот дом, овој четврток, пренесува телевизијата РТ.

Станува збор за еден од најпопуларните хакери кој предизвика интерес кога изјави дека ќе демонстрира како може да се убие човек со помош на пејсмејкер и тоа од девет метри растојание. Цели шест месеци му биле потребни за да хакира еден од овие уреди и да испрати електро шок од голема оддалеченост. “Ако до сите уреди може да се пристапи преку безжичен пат, тогаш постои потенцијал за злоупотреба”, изјавил Џек за “Vice”.

haker mrtov2“Ме интригираше фактот што тие уреди, кои се витални за животот, комуницираат преку безжичен пат. Одлучив да ги прегледам пејсмејкерите и дефибрилаторите и да видам како комуницираат преку безбеден пат и дали овозможуваат на некој напаѓач безжично да управува со нив”, раскажал Барнаби во своето последно интервју.

Џек на минатогодишните конвенции “Black Hat” демонстрирал како можат да се “преземат” банкоматите, како да се хакираат пумпите за инсулин и како да им се нареди во пациентите да внесуваат смртоносни дози. Познат е и по тоа што ги “натерал” банкоматите да исфрлаат пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1