Машко тело во лежечка положба е забележано рано утрово на улицата Цар Самоил во Охрид.
Полициски службеници го забележале телото околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“.
Со возило на Брза помош мажот е пренесен во Општата болница во Охрид, каде починал на хируршкото одделение, по преземени мерки за медицинска помош.
На улицата на местото каде е забележано телото на сега починатиот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи.