Црна Нова Година во Охрид: Пијан возач усмрти едно лице- годината започна со трагична сообраќајка


Велосипедист го загуби животот во сообраќајна незгода што се случи вчера во 17 часот на улицата Радојца Новичиќ во Охрид, објави Плусинфо.

Иако веднаш бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ од здобиените тешки телесни повреди починал Здравко Н. (62) од Охрид.policija-ohrid

Сообраќајната незгода се случила кога возило „WV пасат“ со охридски регистарски ознаки кое се движело по улицата Радојца Новичиќ кон селото Долно Лакочереј, преминало на левата коловозна страна и со предниот лев дел од возилото удрило во сега починатиот кој со велосипедот се движел во спротивен правец.

Над Ќ.Н. (53) од Охрид, возач на автомобилот, извршено е алкотестирање при што утврдени се 1,08 % промили алкохол во крвта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1