Мистериозната болест која ги напаѓа бебињата патува над Тихиот океан


Со децении, лекарите не можат да одговорат едноставно прашање за Кавасакиската болест или синдром – што е таа? Дали се работи за вирус, хемиска супстанца или габа? Без разлика што е таа, болеста предизвикува мистериозно потечување и исфрлање кај новороденчињата. Лекарите сега мислат дека конечно сфатиле што го предизвикува синдромот, и тоа благодарение на ветерот. 

20140522-misterioznata-bolest-koja-patuva-nad-tihiot-okean-1Овој синдром најчесто се појавува во Јапонија, но повремено го „поминува“ Тихиот океан и разболува бебиња на западниот брег на САД. Новороденчињата имаат чудни симптоми кои вклучуваат потечени нозе и раце, исфрлање на телото, иритирани очи и карактеристичен црвен и потечен јазик. Едно во 100 заболени новороденчиња умираат од овој синдром.

Пред повеќе години, Завиер Родо започнал да ја истражува болеста и забележал дека истата е поврзана со ветерот. Имено, кога низ Азија дувал силен ветер, се појавувал и синдромот. Истиот овој „заразен“ ветер ја донел болеста во САД. Сите докази за оваа врска се претставени во нова студија објавена неделава. Врската е јасна, но што се наоѓа во ветерот?
Пред четири години, еден мал авион летал над Токио во ветерот кој дувал од централна Азија. Авионот носел филтри за „заробување“ мали честички во воздухот. Истражувачите откриле дека овие честички се целосни габични спори, од кои половина биле познати како предизвикувачи на инфекции кај луѓето.

Доказите не докажуваат дека овие спори се причина за појавата на болеста, но досега се најдобар кандидат за тоа.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1