МИСТЕРИОЗНИ КРАТЕРИ ВО РУСИЈА: Научниците пронајдоа уште четири дупки – светот во проблем


Четири нови џиновски кратери се појавија на сибирскиот вид глацијали на северот од Русија. Ова случување ги вознемири експертите и јавноста кои се сомневаат дека се работи за последици од глобалното затоплување.Секој кратер е окружен со уште најмалку 20 помали, а експертите велат дека е време да се исплашиме.

Кратерите се отвориле во пермафрост, вечно замрзната зона на полуостровот Јамал. Во истата област минатата година се појавиле три огромни дупки.dupka-sibir

Се смета дека дупките настануваат по ерупциите на метан од пермафростот, а тој успева да се пробие затоа што замрзнатото тло секогаш се раствора.

Еден од четирите големи кратери, околу кој се појавиле уште најмалку 20 помали, е оддалечен 10 километри од голема рафинерија за гас.

Експертите велат дека очекуваат да се отворат уште 30 кратери, а професорот Василиј Богојављенски, заменик директор на Институтот за истражување на нафта и гас при Руската академија на науки, побарал овој феномен итно да се истражи, пренесува Daily mail.

“Пет дупки има токму на полуостровот Јамал, една е во дистриктот Јамал, а една на северот на регионот Краснојарск, крај полуостровот Тејмир. За четири знаме точно каде се наоѓаат. Меѓутоа, убеден сум дека на Јамал има и други кратери, само треба да ги побараме”, вели професорот Богојављенски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1