Праисториски цртежи во една пештера во Индија, според тврдењето на археолозите, се доказ дека вонземјаните ја посетиле нашата планета пред најмалку 10.000 години
Овие слики се пронајдени во пештера во индискиот дистрикт Канкер, а според првите проценки тие се стари најмалку 10.000 години. .
Археологот ЈР Багат смета дека тие можат да послужат како доказ за хипотезата дека вонземјани ја посетиле Земјата во текот на праисторијата.
Локалните мештани ја пренесуваат приказната за „народот Рохела“ (мал народ) , кој според преданијата, дошле од небото и однеле неколку селани кои никогаш не се вратиле.
Сликите се направени со природни бои. Ликовите се без нос и уста, а на неколку слики се гледа како носат вселенски одела, објаснува археологот.