Секако, не станува збор за вонземјански јајца, туку за многу редок тип на алги. Еден минувач ги нашол на плажата и изјавил за австралискиот Daily Mail дека биле толку меки на допир, што се плашел дека можеби ќе повреди некој организам внатре.
Станува збор за алги кои слободно се движат во морето и се формираат во топчиња, за разлика од класичните морски алги.
Научниците веруваат дека тие алги попримаат облик на сфера за да се заштитат од морските грабливци. Истакнуваат дека обично се појавуваат на пролет, но и под одредени услови, најмногу поради бранови од одреден тип, кои можат да ги обликуваат во сферична форма.