Мистериозно го снема: Сателитски снимки откриваат што се случувало со авионот на „Малезија ерлајнс“!


Авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ летал уште неколку часа по прекинот на радио-контактот и уште три пати свртел, што наведува на заклучок дека некој во пилотската кабина намерно го пренасочил, пренесе Блиц.

Деталната анализа од сателитските податоци открива дека авионот свртел три пати, два пати на лево, кон запад, а потоа на југ, кон Антарктикот.malezija-erlajns

Според зборовите на Малколм Бренер, експерт за утврдување на причини на авио-катастрофи, тие вртења „јасно наведуваат на заклучок“ дека некој во кабината намерно го пренасочувал авионот.

Тој својот став го изнел во новиот документарен филм кој следниот месец ќе биде прикажан на каналот „Нејшнл џиографик“ во кој Бренер и уште неколку негови колеги се обидуваат да ја решат мистеријата на авионот на летот „MH370“.

Австралискиот координатор на потрагата, неодамна изјавил дека исчезнатиот авион ќе биде пронајден во наредните неколку месеци. Потрагата е продолжена во јужните делови на Индискиот океан, и многу е можно остатоците од авионот во меѓувреме да потонале. Се верува дека е можно да се појават на брегот на Суматра во западна Индонезија.

Засега, меѓутоа, ништо не е пронајдено.

Заедничкиот центар за координација, кој го предводи Австралија, вели дека досега се пребарани 22.000 квадратни километри од дното на океанот или 36 проценти од приоритетното подрачје.

Се претпоставува дека потрагата ќе заврши во мај, доколку нема одложувања.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1