Мистериозно село кое исчезнува и се појавува


Село сениште исчезнува мистериозно, а потоа повторно се појавува. Ова село се наоѓа во Сибир, во Пермскиот крај на Русија. Истражувачка експедиција тргнала по трагите на таинственото село, соопшти Николај Суботин, директор на Руската уфолошка истражувачка станица, пренесува списанието Паранормал.

selo-seniste-225x150Според локалните жители на областа Маљобка, некои од нив го виделе со своите очи ова мистериозно село. Еден од нив бил истражувачот Валериј Јакимов, кој раскажува дека кога бил на 14 години се наоѓале со неговите пријатели случајно таму.

Некои луѓе се одлучиле да патуваат со брод по реката која поминува низ Маљобка. Застанале по дваесетина километри, па излегле од чамецот со идејата да стигнат пеш до селото Каменка кое се наоѓало во близина, а оттаму да се вратат во шумата. За да заштедат од патот младите тргнале по некоја патека. Наскоро тие разбрале дека се изгубиле откако западнале во една сосема непозната област. Одеднаш, пред нив се појавиле непознати селски куќи, за кои тие никогаш не претходно не слушнале дека на тоа место има некое село.

Кога младите решиле да ги разгледаат внимателно куќите, тие утврдиле дека зградите се целосно пусти, но како да се напуштени пред само неколку часа. Во една од овие градби шпоретот бил уште топол, а на масата имало свежо варени компири. Тие решиле да ги почекаат сопствениците, кои ќе ги насочат во вистинската насока кон дома. Додека чекале, тие задремале. Потоа ги пронашол еден камион, кој бил полн со луѓе кои патувале кон блиското село.

Според Николај Суботин овој чуден случај може да се објасни само со феноменот хрономиражи, кај кои се забележуваат видливи слики на населби или историски настани, оддалечени на голема далечина или се случиле назад во минатото. Така може да се видат објекти кои всушност постоеле пред илјадници години. Научниците во моментов го изучуваат овој феномен за дали може да биде паралелна реалност или портал за преминување низ времето и димензиите.

Истражувачите од научната експедиција на област Маљобка велат дека за време на нивната работа во регионот, и со часовниците се случиле чудни нешта. Стрелките на моменти се вртеле многу брзо, а друг пат тие го одложувале своето движење. Во овој регион бил забележан и реликтов хуманоид – снежен човек кој според научниците имал задача да го чува овој мистериозен свет од нашиот.

Извор – Коментар.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1