Видео: Апсењето на дилерите во Арачиново и Ченто


Во полициската акција „Диригент“ кривично пријавени 16 лица, по четворица се трага (ДПЛ) Македонската полиција, во рамки на продолжението на акцијата „Диригент“, во соработка со австриската и германската служба за борба против дрога, вчера изврши претреси кај 18 лица, од кои кривично се пријавени 16, а по 4 лица се уште се трага.

frankfurtska mafijaСпроведена е координирана акција на територијата на Скопје, Велес и Куманово заради лишување од слобода на членовите на три криминални групи и обезбедување докази против истите. Во акцијата во која учествувале 300 полицајци, при претресите е пронајден и еден гасен пиштол, една паковка бела прашкаста материја, документација за трансфер на пари и слично.

Против членовите на криминалната група ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Како што соопшти на денешната прес – конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска обезбедени се докази за инволвираност во недозволена трговија со херион за 43 лица, а запленети се вкупно 13,5 килограми хероин, околу 2 килограми кокаин. За време на заедничката истрага во Австија уапсени се 18 лица и запленети се 10 килограми хероин и споменатите количини кокаин и марихуана. Дополнително, одземени се над 30.600 евра и 900 американски долари, а во Македонија уапсени се 9 лица и запленети се 3,5 килограми хероин.

droga11Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски појасни македонските организатори регрутирале млади лица кои не и се познати на полицијата, а потекнуваат од чесни семејства, ги обучувале и потоа со најчесто бугарски патни исправи ги испраќале во Виена каде им давале задачи. Регрутите не знаеле германски или англиски јазик, биле срамежливи и требало да бидат „невидливи“ во местото каде што живеат.

– Некои методи на работа ги имаат примено од некои терористички организации, читајќи по дневните гласила и книги за тоа, рече тој.

Со поевтина дрога, а со подобар постојан квалитет од 3 до 8 грама чистота, македонските нарко групи ја преземале туѓата територија, така што од вкупно 24, продавале во 19 квартови во Виена.

– Хероинот доаѓаше од Турција, Бугарија и Унгарија. Новиот метод на работа е да одат со мали количини, а повеќе криумчари, рече директорот на Бирото за јавна безбедност, потврдувајќи оти целокупниот транспорт и продажба била на истите групи.

droga-500 Директорот на австриската полиција Франц Ланг нагласувајќи ја високата професионалност на македонската полиција, упати порака дека и полициите не ги познаваат границите, исто како и криминалот. Потенцира дека вакви големи операции кои завршиле со големи резултати, немале досега со ниту една држава од Југоисточна Европа, најдобро искуство имаат со македонската полиција. Тој истакна дека особено е значајно што преку директорот на Бирото, Тодоровски односно раководството на македонската полиција се пробива соработката на Австрија со другите држави во регионот.

– Полициската соработка се заснова на доверба, треба добро да се познаваме, да се знае кој како размислува, постапува и какви мерки применува. Работиме рамо до рамо со најнови методи и модерна техника, а нашите колеги имаат огромно почитување за активностите и операциите кои македонските колеги ги спроведуваат во Македонија, рече Ланг, најавувајќи оти соработката ќе продолжи.

apsenje1

На прес – конференцијата беше појаснето дека во последната фаза од „Диригент“ од септември до декември македонската полиција требаше да обезбеди докази за наркогрупи кои оперираат на нарко пазарот во Виена и главно работат со хероин.

Во првата криминална група, појаснуваат од МВР, како организатор се јавува 23-годишно лице од Мојанци, кој заедно со пет лица од Арачиново, од Ченто и село Черкези организирале транспорт на хероин во три наврати од Македонија за Австрија. Криминалната група најпрво набавувала одредена количина дрога, а потоа ангажирала транспортери кои со редовна автобуска линија Виена – Скопје ја пренесувале дрогата најчесто скриена под влошките во чевлите.

frankfurtska mafija1Организаторот на првата група, ја координирал и втората, односно четирите лица од Арачиново. Тие во договор со лице што престојувало во Виена организирале транспорт на еден килограм хероин заради понатамошна препродажба.

За купување на дрогата во Македонија се префрлени 3.000 евра преку брз трансфер на пари, а како примач на средствата е наведен еден од осомничените. По добивањето на паричните средства тие го организирале транспортот, ангажирале транспортер, кој хероинот го пренел сокриен во ранец со дупло дно при што по неговото пристигнување во Виена од страна на австриската полиција пронајдени се и запленети нешто повеќе од еден килограм хероин.

При претрес во станот каде што престојувал примателот пронајдени се уште приближно четири килограми хероин.

droga-1-500

Во овој случај вкупно запленети се околу 5 килограми хероин, а уапсени се две лица во Виена. Против нив, исто така, е поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и за „помагање“.

Припадниците на третата група, од кои петмина од Велес и едно лице од Неготино, во период од август до септември минатата година, се здружиле за организирање и вршење продажби на хероин во Виена.

За таа цел создале своја организација составена од македонски државјани кои имале улога на транспортери и улични дилери. Тие од земјава издавале наредби и инструкции за препакување и продажба на хероин, како и за места, односно улици, автобуски станици во Виена на лицата македонски државјани претходно ангажирани од нивна страна.

Со дејствијата кои што ги преземале во изминатиов период сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. За улична продажба биле ангажирани три лица кои се уапсени во Виена за време на истрагата. Парите стекнати од продажбата на хероинот во Австрија во земјава од нивна страна биле трансферирани преку брз трансфер на пари на блиски роднини и пријатели со што истите сториле и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

droga33Вчерашната реализација е продолжение на оперативната обработка „Диригент“ која уште од 2010 година МВР ја реализира со австриските и германските служби.

Полициската дирекција од Франкфурт, во текот на 2010 година во неколку одделни случаи заплени околу 30 килограми хероин, а австриската околу 8 килограми, при што беа уапсени 14 македонски државјани членови, а во текот на истрагата беа обезбедени докази за трансферирани парични средства во вкупен износ од 265.000 евра и 1.600 долари, кои од Германија и Австрија биле испраќани на повеќе членови на криминалата група во Македонија .

Во декември 2010 година МВР спрове акција во која беа одземени повеќе автомобили, дрога, а беа обезбедени и докази за незаконските трансфери на поголеми суми пари.

Во врска со операција „Диригент“ до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кривично беа пријавени 40 лица за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „перење пари и други приноси од казниво дело“

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1