Мошне необичен случај на киднапирање ги шокираше Американците. Станува збор за 34-годишната Шери Папини која три недели по исчезнувањето е пронајдена на празникот „Денот на благодарноста“ заврзана со синџир покрај патот во близина на Сакраменто во Калифорнија, на околу 200 км оддалеченост од својот дом. Шери исчезналана 2 ноември кога отишла на трчање.
Шери Папини, инаку мајка на две деца, е пронајдена во многу морничава состојба: тешко претепана, мачена, па дури и жигосана со втисната порака чијашто содржина не е објавена. Во текот на своето заробеништво очигледно била изгладнувана, бидејќи немала ниту 40 килограми кога била пронајдена, а нејзината руса коса била отсечена. На телото имала повеќе изгореници, а носот и бил скршен.
Локалната полиција ниту по неколку повеќечасовни разговори со неа немала одоговор за мотивите на киднапирање. На тоа подрачје киднапирањата се ретка појава, а посебно киднапирањата на возрасни лица.
Локалниот шериф Том Босенко рекол дека, кога станува збор за киднаперот, очигледно во прашање е многу болна личност која сакала да ја понижи Шери. Полицијата е во потрага по наводните киднаперки, кои Шери Папини ги опишала како две латино жени кои возат темен џип и се вооружени со пиштол.
Полицијата сè уште не успеала да утврди каде Шери Папини била заробена.