Митко Чавков и уште осуммина заразени со Ковид-19 во штипскиот затвор


Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на Ковид-19. Од затворот потврдија дека има заразени и тројца вработени, пишува СДК.

„Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на корона вирусот и пет осудени лица. Петте осудени лица позитивни на коронавирус се во две посебни простории изолирани и издвоени од останатите осудени лица“, рече директорот Мики Тодоров.

Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1