Кумановската полиција денеска поднесе кривична пријава против И.А.(53) од село Режановце за сторено кривично дело – злоупотреба на службена должност и овластување и фалсификување на исправа, како и против лицата С.С.(40) и С.С.(61), двајцата од селото Долно Којнаре и Љ.С.(33) од селото Мглинце, поради кривично дело – употреба на исправа со невистинита содржина и пустошење шума.
Првообвинетиот И.А. вработен како самостоен референт за геодетски работи во Агенцијата за катастар на недвижности во Куманово во текот на 2012 и 2013 година оформил предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност и тоа за 28 парцели (од кои половината биле со неутврдени сопственички права) со вкупна површина од 393.738 м2, сопственост на Р. Македонија по што за надомест од 1200 евра изготвил потврди за исправка на техничка грешка и по службена должност внел лажни податоци за сопственост, заверувајки ги истите со свој потпис по што истите ги внел во електронскиот систем на Агенцијата, за да на крајот државниот имот го префрли на имотните листови на приватните лица односно второобвинетиот (С.С) ,третообвинетиот (С.С.) и четвртообвинетиот (Љ.С).
По ова останатите пријавени имотните листови ги искористиле како оригинални пред лиценцирани лица од областа на шумарството во приватни шуми од кои добиле одобрение за сеча на дрва, за да потоа од 7 парцели исекле околу 1000 м3 огревно дрво со што директно го оштетиле Буџетот на Република Македонија за околу 128.560 евра.