И денес дожд – временска прогноза до петок


Утринските температури од 3 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 23 степени.

Бранот врнежи кој што започна во вторник, ќе заврши во првата половина од среда и тоа со далеку послаби врнежи. Повремен и релативно слаб дожд се очекува во западниот и северниот регоин од земјава. Попладне облачноста значитенлно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер,објавува Метеопро.

dozd cador

Максималната дневната температура ќе има вредност околу 19°С низ котлините во земјава. Максималната температура ќе има малку поголема вредност долж јужниот тек на Вардар, од 21°С до 23°С.

Во Скопје се очекува променливо време со повремен дожд во првата половина од денот. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди. Максималната дневна темературата ќе достигне до 19°С.

Во  четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд.

Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Но сепак да напоменеме дека постојат услови за развој на нестабилна облачност која може да услови локални врнежи од дожд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1