Во целиот овој период се држев до две работи – до вистината и до народот, нагласи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври. Свесен дека во наредниот педиот јавноста ќе биде бомбардирана со дезинформации за него, дека истите тие центри ќе се обидат да го прикажат како „одлепен од реалноста“, тој уште еднаш потврди дека „имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта, и дел од платениците влегоа со лични аранжмани со власта надевајќи се на својата слобода, но разочарувајќи го народот“.
-Дел од нив тоа и лично го признаа. И после се кога ги гледам оние точки – барања кои ги лиферуваа осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за, со кој наводно ќе ги подобреле уставните измени, само ми ја зголемува тагата за она што го прават. Господа, не се залажувајте, добро се знае дека тука не е во прашање лично убедување, туку вашиот личен интерес. И како ВМРО-ДПМНЕ не можам да толерирам тоа да се случува.
Немојте да ја замајувате јавноста со некакви комисии, форуми, кои треба наводно да донесат правда, за да дополнително се заташка работата. Власта сака низ тој процес на борба за помирување да донесат некаква неселективна правда која што во основа е неправда, затоа е потребна слобода и правда за сите.
Слушајте ме добро ваму, донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници за 27 април, за да има и неселективна правда и слобода за сите.