Мицкоски: Го осудувам бегството на Груевски, да се лоцира вината и помагачите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го осуди бегството на поранешниот премиер и поранешен лидер на партијата Никола Груевски и смета дека е важно да се лоцира вината за тоа како се случи и кои се потпомагачите на оваа акција.

– Самиот чин на бегството го осудувам и начинот на кој постапи господинот Груевски, односно бегството, но многу е важно да се лоцира вината кај кого е, како се случи и кои се помагачите кои ја потпомогнаа оваа акција, рече Мицкоски и додаде дека како претседател на партијата ги охрабрува тие луѓе да дадат одговор на сите прашања во македонската јавност.

Во гостување во Отворено студио на 1ТВ, Мицковски рече дека немал индиции оти Груевски ќе избега од земјава и смета дека одговорот треба да се бара во институциите кои треба да кажат како се случило бегството.

– Она што е важно е да добиеме одговор како ова се случи, зошто надлежните институции во оваа држава, кои можам да кажам од лично сведочење многу прецизно знаат каде јас се движам, како не би знаеле каде се движел господинот Груевски кој е осуден на две години затвор. Доколку навистина не знаеле тогаш станува збор за голем пропуст. Крајно време е да престане реалното шоу што ни го приредува власта. Ги охрабрувам во истрагата да ги пронајдат виновниците и помагачите, рече Мицкоски.

Посочи дека со Груевски разговарал пред да ја поднесе жалба на судската одлука и пред гласањето во Парламентот за одземање на мандатот.

– Тоа беа темите што ги разговаравме и во ниту еден момент не можев да забележам дали постои и најмала индиција дека ќе се случи тоа што се случи. Слободно можам да констатирам дека овој одговор може да го побарате во други две инститиуции и ова реално шоу да добие конечна епизода и да го добиеме одговорот кој бил помагачот, рече Мицкоски.

Посочи дека во изминатиот период имал низа патувања, меѓу кои и Србија и Унгарија, каде се сретнал со премиерот Виктор Орбан неколку недели пред да се случи бегството и оти тема била претстојниот конгрес на Европската народна партија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1