Во сабота не очекува голема температурна разлика – подгответе се!


Времето во сабота ќе биде умерено до значително облачно со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до 14 степени, ова значи дека во сабота за разлика од овие денови утрото ќе биде особено студено.

Во недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Температурата ќе се движи од 1 степен, па се до 14 степени.

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1