Претседателот ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, уште вчера го поздрави денешното потпишување на протоколот за прием на Македонија како 30-та членка во НАТО во седиштето во Брисел.
Сепак, тој во разговор за МИА по средбите во Европскиот парламент додал дека пред пристапниот протокол цената за да се стигне до истиот е платена недостоинствено од премиерот Зоран Заев.
„Секој успех на Република Македонија го поздравувам иако Заев го направи на недостоинствен начин, тргуваше со нешто што минатите генерации го платиле со своите животи, и го направи тој чин недостоинствен, но секој процес што значи подобрување на животот на сограѓаните го поздравуваме“, изјави Мицкоски за МИА.