Мицкоски – Хан: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ го нотирал политичкиот терор на власта кон неистомислениците


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со Јоханес Хан, комесар за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.

-На средбата стана збор за извештајот на Европската Комисија кој се однесува на интеграцискиот процес на Македонија кон Европската Унија и за состојбите во државата од економски и политички аспект. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека европскиот пат е единствениот по кој треба да се движи Република Македонија, пред се како настојување за подобар стандард и напредок на граѓаните и како начин за заштита на националните и државните интереси, информираат од партијата.

Мицкоски истакнал дека враќањето на позитивната препорака која претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ ја добиваше од 2009-та година, а ја загуби како резултат на наметната политичка криза во последните 2 години чии актери денес се дел од владата, заедно со препораките кои се содржани во извештајот треба да помогне на подобрување на состојбите и подигнување на критериумите во повеќе сфери во државата.

-Опозицијата суштински го подобри квалитетот на реформските закони, со што докажа дека државните интереси ги става како основен приоритет, но и дека преостанува да се посвети внимание на нивна имплементација, нешто што зависи од самата Влада, посочил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Мицкоски истакнал и дека она што загрижува се состојбите со нотираната корупција во институциите раководени од СДСМ што се поклопува со извештаите кои државава ја сместуваат за најкорумпирана во Европа, неефикасноста на институциите, бирократијата, нереформираниот судски систем, организираниот криминал и несигурноста на граѓаните.

-Мицкоски го истакна и политичкиот терор на власта кој се манифестираше со уапсени пратеници, пред воопшто да им биде симнат имунитетот, отворање на судски процеси против неистомисленици на власта, а зад кои стојат политички мотиви, притисок врз медиуми, бркања од работа по партиски клуч и други форми на притисок. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека ќе продолжат критиките врз неефикасната влада на Зоран Заев и одблиску ќе се мониторираат состојбите кои ги загрижуваат граѓаните, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира македонската и меѓународна јавност како и европските институции, стои во партиското соопштение и се додава:

„Од страна на комесарот Хан беше поздравена улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на евроинтеграциите, и дека целосниот успех би бил влез на државата во Европската Унија, нешто што е заеднички интерес на сите субјекти, додавајќи дека се цени и поддржува актуелниот пристап, политики и стратешки приоритети на владата во однос на евроатлантските интеграции“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1