Мицкоски и Силјановска Давкова во Брисел на Собрание на ЕНП


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски и кандидатот за претседателка на Република Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа. Гордана Силјаноска Давкова денес и утре ќе престојуваат во посета на Брисел седиштето на Европската Унија.

Во рамки на посетата ќе земат учество на политичкото Собрание на Европската Народна Партија каде членуваат најголемите сестрински десничарски партии во Европа меѓу кои се партиите на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Романија Клаус Лоханис, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, австрискиот канцелар Курц, хрватскиот премиер Пленковиќ и др. Притоа се очекува да се остварат и повеќе билатерални средби со официјални лица на Европската Народна Партија и претставници на Европскиот Парламент. Се очекуваат средби со Едвард Кукан кој е и известувач за Македонија во Европскиот Парламент, европратеничката Марија Петир, Манфред Вебер кандидат за претседател на Европската Комисија и актуелен претседавач со групата на Европската Народна Партија во ЕП, со Дејвид Мекалистер потпретседател на Европската Народна Партија и претседавач на комисијата за надворешни работи на ЕП, како и со претседателот на Европската народна партија Жосеф Дол. Се очекуваат и разговори со хрватскиот премиер Пленковиќ, лидерот на најголемата словенечка партија Јанез Јанша како и со повеќе лидери на младинските движења и развојни политики во рамките на Европската Унија.

Средбите ќе бидат искористени за афирмирање на стратешката цел за напредок на европската агенда на државата, пренесување на загриженоста со актуелната политичка состојба во земјава врзана со недостатокот на правда, нарушената правна држава и самоволието на владините механизми, како и економската стагнација на земјава. Ќе се разговара и за понудување на решенија кои ќе обезбедат зголемена сигурност на граѓаните и владеење на правото како и ќе биде нотирана потребата за организирање на фер и демократски изборен процес, кој е загрозен од повеќе недемократски чекори на власта.

Воедно ќе биде искористен престојот за промоција на целите и размислувањата на кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во поглед стратешкото ориентирање и предводење на Република Македонија во остварување на стратешките цели.
Во рамките на партиската делегација се и потпретседателот г. Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка г. Тимчо Муцунски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1