Со уставните ИЗМЕНИ и законот за јазиците е извршен атентат на Македонија, констатирале претставниците на политичките партии од коалицијата “За пододбра Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицковски истакна дека била искажана загриженост поради секојдневните уцени, закани и притисоци од страна на власта врз политичките неистомисленици со цел остварување на политички цели.
Спасот од ваквата ситуација го гледаат во организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори.
Од СДСМ пак велат дека Македонија сигурно чекори кон НАТО и ЕУ, а претседателот на ВМРО ДПМНЕ му порачуваат дека го чека пораз на претседателските избори.