Мицкоски: Македонија денеска ќе го добие идниот претседател


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конвенција на партијата во Струга изјави дека е убеден оти наредниот претседател на Македонија ќе биде кандидатот на неговата партија. Според него, на Македонија и е потребен кандидат кој ќе го почитува гласот на народот.

„Кандидат кој ќе покаже кичма, кога други ја виткаат, да покаже достоинство, стабилност, да се исправи пред неправдите. Човек кој ќе го почитува Уставот, во време кога не го почитувааат. Кој ќе го почитува гласот на народот, кога никој не го почитува“, порача Мицкоски.

За кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори се пријавија девет лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1