Мицкоски му ги испорача на Заев трите услови за предвремени избори


За опозицијата е јасно – Договорот од Преспа е мртов, а власта треба да се откаже од понатамошните правни чекори. Од ВМРО-ДПМНЕ ги повторуваат, велат на предвремени избори само со нов ЈО на предлог на опозицијата, Анкетна комисја за референдумските нерегуларности и Пржинска Влада со комплетен мандат.

„Неотповиклива оставка на државниот јавен обвинител, именување на нов којшто ќе биде на предлог на опозицијата“ – вели Христијан Мицкоски.

Од власта го повторија нивното толкување – дека со кратење на роковите за предвремени избори се кратат и роковите за техничката влада и оставката на премиерот. Велат зад барањето на Мицкоски за смена на Јавниот обвинител се крие барање за амнестија.

„Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ни граѓаните, ни државата, единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски“ – вели Костадин Костадинов од СДСМ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1