Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прослава во Македонската филхармонија, по повод 29-годишнината од основањето на партијата, во својот говор рече дека датумот за почеток на преговори со ЕУ не ни е доделен „не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што владата не ја бива“.
– „Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред“, рече Мицкоски.