Мицкоски: Ставот за референдумот по спроведените широки консултации


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повтори дека позицијата на партијата во врска со референдумот ќе ја изнесе по сеопфатана консултација со граѓаните и внатрепартиските консултации кои се одвиваат паралелно.

– Во минатото во многу наврати кажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и легитимитетот на постоењето како организирана политичка гарнитура го црпи од народот и во име на тоа ние сакаме да извршиме што е можно посеопфатна и потемелна консултација со граѓаните на Република Македонија, се разбира без разлика на етничкиот состав и без разлика на вероисповеста. Истовремено, паралелно со консултацијата со граѓаните вршиме и внатрепартиски консултации со Извршниот Комитет со Централниот Комитет, потоа тука се партиските комисии и останатите тела на партијата, општинските комитети, структурата на општинските комитети па се до месните комитети, рече Мицкоски во интервју за Алсат телевизија.

Тој додаде дека тие не ги носат одлуките во потесен круг на двајца, тројца елитисти, како што вели, затворени во канцеларија помеѓу четири ѕида. Посочи дека сите опции се отворени.

– Сите опции се отворени, затоа рековме јавноста благовремено ќе биде информирана каква ќе биде позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следува. Во една прилика не така одамна на годишнината од Рамковниот договор јас кажав дека погрешен одговор е многу полошо отколку никаков одговор. Така што многу внимателно треба да се однесуваме во овие чувствителни моменти од историско значење за македонскиот народ, граѓаните на Република Македонија но и за самата Република Македонија, истакна Мицкоски.

Според него, кампањата за референдумот ќе биде стерилна и тросмислена со цел да се дефокусираат граѓаните.

– Очекувам една прилично стерилна и тросмислена кампања. Кампања која што ќе има за цел да го дивергира фокусот на граѓаните во погрешна насока. Но, мислам дека граѓаните на Република Македонија се умни луѓе и точно знаат да препознаат кога некој се обидува невешто да ги манупилира. Претпоставувам дека главен акцент ќе биде ставен на фактот дека го заштитиле идентитетот што апсолутно не е точно и во периодот кој што следи јас лично, но и моите соработници од партијата на оној простор кој што ќе ни биде оставен во медиумите ќе се обидеме да објасниме дека таа теза не е точна. Ако вие не успеавте да го заштитите институционалниот идентитет, тогаш како можете гордо да кажете дека сте го заштитиле националниот, бидејќи тие две работи се поврзани како сврзани садови, рече Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1