Во понеделник завршува одморот за пратениците


Пратениците од понеделник по летниот одмор започнуваат со своите вообичаени активности во Собранието. Во текот на следната недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот на 30 септември.

Во понеделник на 20 август на собраниската веб-страна веќе е закажана седница на Комисија за економски прашања, а за 29 август, пак, 58. пленарна седница. До средината на неделата се очекува и првата координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за Комисијата за заштита на конкуренцијата 2017 година.

Засега за 58. собраниска седница на дневен ред се ставени 19 точки, претежно измени на закони во прво читање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1