Млада политичарка со скоро 2 промили алкохол во крвта усмрти човек во Хрватска


Вера Бегиќ-Блечиќ секретар за спорт на градот Спилт, мртва пијана возејќи во спротивен правец предизвикала сообраќајна несреќа во која што загинал еден човек. Таа возела со 1,81 промил алхохол во крвта во спротивн правец по автопатот Нова Вас-Вишијан и удрила во шкода во кој што било тричлено семејство од Словенија.

Со автомобилот удира во заштитната ограда, па отако била отфрлена од ударо со пежото удрил во автомобил со пулски регистерски ознаки, а 41-годишниот возач загинал.

Едномесечен притвор поради страв од повторување на делото и е одреден на Вера Бегиќ-Блечиќ, функционерка на хрватската СДП (Социјалдемократска партија) во Хрватска.

Бегиќ и лани учествуваше во сообраќајна несреќа под дејство на алкохол.

Токму затоа, врие од коментари во Хрватска. Од СДП најавија суспензија, а водечкиот ХДЗ (Хрватска демократска заедница) веќе им смислија нов прекар: СДП – „Само два промила“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1