Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев


Првиот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во среда, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.

Тој најавува дека собирот ќе започне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија. Потоа ќе биле организирани протести и во другите градови на Македонија. Мицкоски вели, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло кое го носи владата на Заев.

-ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев. И во овие зимни месеци ќе го поведеме народот на улица, затоа што состојбата е аларамнтна. Државата е киднапирана од егоистична елита која им ја одзема власта на граѓаните.

Ќе протестираме и за даноците, и поради загадувањето, и поради прогонот и политичкиот притисок, и поради менувањето на името и поради немањето на откуп на јаболка и тутун. Ќе го кренеме гласот пред да биде предоцна. Ќе протестираме поради секоја неправда направена врз секој еден граѓанин. Поради ова црно време кое го живееме. Мора да има светло за сите нас, за сите граѓани. И блиску е зората, зората мора да изгрее и зората ќе изгрее. Деталите ќе ги соопштиме во наредниот период. Првиот протестен марш ќе се одржи во среда, и собирот ќе започне од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија, потоа ќе протестираме и во другите градови на Македонија, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека бегството на Груевски не е на товар на партијата туку оди на контото и е товар на Зоран Заев и на Оливер Спасовски.

-Имаме вештачко продолжување на темата. Колку повеќе се збори за Груевски, толку помалку ќе се збори за уставните измени, но и за крахот во економијата. Се слуша ли премиерот Заев што говори, дека Груевски го киднапирале. Каков е овој премиер кој дозволил неговиот претходник да го киднапираат, ако е така, па тоа е двојно голо за Заев. Друга работа, адвокатот на Груевски јавно изјави дека тој откако исконтактирал со Груевски од Будимпешта веднаш пријавил во судот.  Затев тоа сигурно го знае. Тогаш зошто лаже дека Груевски е киднапиран?! Свесно лажел. Трагикомично. Ова е уште еден од обидите за продолжување на темата и хранење на таа димна завеса. Човекот три години не е премиер, не е тој што сега треба да ги решава проблемите, главната мака во оваа држава е што Заев ништо е работи. Не треба да живееме во минатото, Груевски нема да ни донесе 500 евра плата, тоа Заев треба да го донесе затоа што го вети. Груевски нема да донесе почист воздух, тоа треба Заев да го направи, Груевски нема да ја подобри економијата, тоа Заев мора да го направи.  Заев ги зголемува даноците , ја зголеми акцизата. Заевата влада треба да ги разреши случаите на убиства во центарот на Скопје, а не груевата влада.  Има уште еден милион вакви работи. До кога во оваа држава ќе живееме во минатото, потребно е да гледаме напред, кажа Мискоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1