СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство ја поништија волјата на граѓаните. Ова е патување кон дното каде сакаат да не понесат нас, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додаде дека договорот на СДСМ и ДУИ да се изгласа овој закон не е за подобар живот.
„Ова е разнишана држава. Власта остана нема да не се донесе овој закон. Ја одби нашата понуда да се разгледа законот, да се разгледаат амандманите. Ја одбија понудата со помош на нашите пратеници да се донесат законите, а да се исклучи Законот за јазици. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава поради флагрантно кршење на Уставот. Ќе поднесеме и до Уставен суд, овој закон да не се објави во Службен весник“, вели Мицкоски.
Тој тврди дека овие, како што вели, неправди ќе завршат, а тогаш се ќе биде поинаку.
„Скандалозна е изјавата на пратеникот Џафери, дека не го интересираат реформите, туку само Законот за јазици. Колку побрзо и порано сфатат дека сите сме во иста држава, толку ќе биде полесно“, додава Мицкоски.