Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, уште еднаш, овој пат од Солун, го повтори ставот дека нема да го поддржи Договорот од Преспа. Во Солун тој присуствуваше на свеченостите по повод годишнината од ослободувањето на градот.
Мицотакис, уште еднаш истакна дека тие не можат да поддржат договор што отстапува македонски јазик и македонска националност.
-Секако од овде, од нашата Македонија, имаме и еден долг повеќе да се посетиме на славните страници од нашата историја. Бидејќи почнува реализацијата на настани што се на товар на националните интереси, повторно да потсетиме дека ние како Нова демократија нема да поддржиме никаков договор што отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи, рече Мицотакис од Солун.