Мицковски ќе ја продаде кучата? Вели: Размислуваме за продажба или изнајмување на партиската зграда


Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МКД.мк вели дека во контекст на рационализација на трошоците во партијата размуслуваат и за продажба на зградата, во јавноста позната и како Бела палата.

– Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид на скенирање на пазарот, па ќе видиме, вели Мицкоски во интервјуто за порталот.

Мицкоски вели дека со Груевски немал никаков контакт веќе подолго време, но по денешната информација за негово упатување на издржување на затворска казна, вели дека сака да се види со него, „да поразговарам и да видиме како може да помогнеме против овој политички прогон што се случува“.

Целото интервју на – МКД.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1