МКД.мк: Во домот на Фросина Ременски најдени документи за „Монструм“, „Диво насеље“…


Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот Рекет се најдени доверливи документи, пишува МКД.

,,При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот,, се вели во одговорот до МКД.мк на Јавното обвинителство.

Според неофицијалните информации на МКД.мк, во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Обвинителството ги демантира овие информации.

Во новата истрага за случајот „Рекет“ опфатени се 5 лица. Одземените предмети во овој случај се на вештачење, кое треба меѓу другото да утврди дали Јовче Ременски имал овластување од директорот на УБК да чува доверливи информации во својот дом.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1