Во градот Иваново, полицијата уапси 25 годишен маж кој се товари за кривично дело дека ја претепал мајка му. Младиот човек, според инспекторите ја претепал мајка си со цел да ги истера демоните од нејзе.
Кривичното дело е сторено ноќта на 10 ноември. Според инспекторите, синот ја удирал 47 годишната жена по главата. По убиството синот кажал молитва, ставил псалтир на телото на неговата мајка и излегол од куќата. Дваесет и четири часа подоцна, тој му кажал на братучедот за инцидентот.
Кога стигнале во куќата ги забележале остатоците од жената која била распарчена од кучињата. Во текот на распитот човекот на полицијата им кажал дека неговата мајка била опседната од демон.
„Осомничениот е уапсен, ќе оди на судски психијатриски преглед. Досега немал криминално досие Не бил алкохоличар а работел во продавница за накит. Живеел со мајка му и му се допаднал тој самски живот“, изјавил еден полицаец кој го познавал од претходно.