Вчера околу 07,00 часот на патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, во сопственото возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34) од Ресен со прострелна рана во пределот на главата.
Во внатрешноста на возилото пронајден бил пиштол марка „ХС“ калибар 9мм и најверојатно станува збор за самоубиство.
Смртта е констатирана од итна медицинска помош и увид е извршен од екипа на Секторот за внатрешни работи Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.