Струмичко: Прегазил пешак и го оставил да умре на патот


Вчера рано утрото околу 04,30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Банско, на излез од с.Куклиш, се случила сообраќајна незгода во која непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот А.А.(72) од с.Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил лице местото.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1