Пукано кон советник на Заев од возило во движење


Рано изутрината во неделата на улицата „Антон Панов“ во општина Кисела Вода од возило со движење биле испукани неколку куршуми, по што возилото со голема брзина го напуштило местото.

„На 05.11.2017 година во 05,18 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Антон Попов“, населба Кисела Вода, од страна на непознат/и сторител/и, од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило лице местото и се упатило во непознат правец. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен е увид и подигнати се предмети за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, инфромираа од МВР.

Како што неофицијално дознава Netpress, лицето кое го пријавило случајот е Филип Андов викан Сокол, инаку советник за Град Скопје на претседателот на Владата Зоран Заев.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1