Триесет и петгодишен скопјанец, кој се заразил со маларија најверојатно на службен пат во Гана, бил примен во крајно тешка здравствена состојба на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, по што во текот на вчерашниот ден починал.
Од Клиниката за МИА велат дека тој се заразил со болеста најверојатно на службен пат во Гана.
На скопската клиника бил примен во крајно тешка здравствена состојба и накусо по дијагностицирањето починал.