Младеновски: УБК беше организатор на упадот во собранието


УБК била директно инволвирана во организацијата на насилниот упад во Собранието на 27ми април, откри обвинетиот Стефан Младеновски во денешното сведочење.

Како главна врска меѓу групата маскирани лица предводени од Александар Василевски – Нинџа и тајната полиција бил агентот Никола Бошковски, кој подоцна заедно со началникот Горан Грујевски пребега во Грција.

Младеновски кажа дека вечерта откако излегол од Собранието се упатил кон Жена Парк кај споменикот на Прометеј. Таму веќе биле Нинџа, Кољо а по кратко време и и сите останати кои пред упадот се собрале во еден од рестораните на Кејот на Вардар.

Во еден момент се слушна дека групи на Албанци се собираат и се спремаат да дојдат кон Собранието. По тоа Нинџа отиде да се види со Никола Бошковски – Прскач кој како што разбрав е дојден со некое возило кај градска болница. Потоа разбрав дека во тоа возило имало оружје автоматско, полуавтоматасо и оружје. Кога го прашав Нинџа што ќе се случи ако дојдат Албанци кажа дека и тука има луѓе кои знаат да пукаат. Но од тоа ништо не се случи. Сведочеше Младеновски

Тој откри дека вечерта кај споменикот на ПРометеј бил присутен и уште еден агент на УБК Дејан Димковски – Боксер кој ги убедувал дека нема потреба да се грижат бидејќи ги искршил сите камери во Собранието.

Истото тоа лице ни кажа дека околу 22 часот претседателот Иванов ќе има обраќање и ќе прогласи воена состојба, дека воена полиција веќе е поставена на патарините кај Гостивар и Тетово и кај Корупчино, но од тоа не се случи ништо. Иванов излезе и повика на мир и наредниот ден ги повика двете партии на лидерска. Дејан Димковски – Боксер кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша кое работи кај претседателот Иванов – раскажа Младеновски.

Според неговото сведочење Нинџа и директорот на УБК Владимир Атансовски кој го претставувал за свој пријател често се гледале по изборите во декември 2016та, кога се планирал и упад во ДИК, но не се случил поради тоа што расправата по пригвороите на ВМРО ДПМНЕ се одложила.

На првиот ден на протестите пред ДИК каде се одлучуваше за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, Нинџа ме викна во едно кафуле на кејот. Кога стигнав со мојот брат Михаил, со Нинџа беше Никола Бошкоски Прскач. Нинџа ни кажа доколку ДИК ги одбие приговорите на ДПМНЕ, насоките од Владимир Атанасовски се да се упадне насилно во ДИК и дека ќе има лица кои треба да фрлаат молотови коктели. Во кафулето беа повеќе лица, а меѓу нив и Никола Митревски Кољо.

Сведочењето на Младеновски како храбро иако задоцнето беше оценето од обвинетиот Горан Ангелов. Според него со ова се докажало дека упадот бил организиран од УБК , а патриотските здруженија биле искористени. Задоволство од исказот имаше и кај водачите на иницијативата “За заедничка Македонија”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1