Млади, богати и моќни-Ова се идните владетели на светот


Во нивните вени тече плава крв. А иако сега се во „сенката“ на своите родители монарси еден ден круната ќе стои и на нивната глава.

Идните крлеви и кралици денес имаат вообичаени обврски кои со себе ги носи нивната кралска лоза- од воени задачи па се до хуманитарни акции.

Принц Карл Филип-Шведка

karl filip svedska

Шармантниот и неодолив 35-годишен принц на Шведска моментално е трет во линијата за наследство на тронот. Покрај титулата принц тој ја има и титулата војвода од Вармланд. Пред да се запише на Државниот земјоделски факултет, тој ги завршил своите воени должности на шведскиот Национален колеџ за одбрана. Тој ги сака адреналинските спортови како и графички дизајн.

Абдулах бин Зајед ел Нахјан, Обединети Арапски Емирати

zajed emirati

40-годшниот Абдулах е најмладниот син на поколниот Зајед бин Султан ел Нахјана, емирот на Обединетите Арапски Емирати. Тиј е трет во линијата за наследство на тронот. Во моментов е министер за надврешни работи, борец за женски права и многу активен на социјалните мрежи.

Принц Џорџ Александар Луис-Англија

djordj anglija

Преслаткиот принц Џорџ, син на вовјодите од Кембриџ е роден минатата година во јули. Прв пат се појави во јавноста за време на кралската посета во Нов Зеланд и веднаш стана вистиска модна икона и светска сензација. Тој е трет во линијата за наследство на тронот, веднаш после Чарлс и Вилијам.

Принцезата Сириванари Нариратна-Тајланд

sirivanari tajland

27-годишната ќерка на принцот Маха Вајралонгкома е наследничка на тронот. Таа е вистинска уметничка душа и студирала уметност на Универзитетот Чалалонгкорн. Покрај тоа таа е и многу позната во светот на модата па многу често може да се сретне во првите редови на париската, миланската или пак на њујоршката модна недела, а и самата е дизајнер на облека која е многу популарна во Азија.

Принцезата Ингрид-Норвешка

ingrid norveska

Таа има само 10 години,  а е втора во низата за наследство на престолот. Принцезара е единствена ќерка на принцот Хакон. Норвешка во 1990 година го промени Уставот со што најстарото дете ја наследува круната без разлика на полот. Таа е преслатка а само на 6 години го има одржано својот прв јавен говор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1