Пронашле гробишта во Египет со преку милион мумии


Гробишта, на кои според проценката на археолозите се наоѓаат повеќе од милион мумифицирани човечки тела, се пронајдени во централен Египет.

Археолозите досега ископале 1700 мумии, кои биле зачувани заради жешките и суви пустински услови во регионот што се наоѓа на 96 километри јужно од Каиро.

mumija lipkovo

Гробиштата Фаг ел-Гамос се простираат на преку 1,7 милиони метри квадратни, а некои мумифицирани тела се пронајдени и на длабочина од 23 метри, пренесува Daily Mail.

Остатоците пронајдени на гробиштата датираат од периодот на римското и византиското царство, откриваат археолозите. Меѓу нив се пронајдени мумифицирани остатоци на 18 месечно девојче, како и маж висок два метра. Ова најново откритие на археолозите во Египет ќе им даде нов увид на обичните жители во наведениот временски период.

Сепак, останува мистерија зошто толку голем број луѓе биле погребани на тоа подрачје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1