Младите ќе можат да подигнат кредит од 23.000 евра со камата од 1 посто годишно


Сите заинтересирани невработени лица можат да аплицираат на четирите огласи за вработување преку кредитирање и еден за давање земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање за социјално загрозените лица кои се објавени преку Агенцијата за вработување на Република Македонија.denari

– Четири од огласите се за мерката кредитирање, односно за самовработување и за отворање нови работни места. Од нив два се конкретно насочени за младите лица до 29 години кои што сакаат да се самовработат, односно да основаат сопствена компанија и да отворат дополнителни работни места во рамките на ново отворената приватна компанија. Сите заинтересирани млади лица кои имаат бизнис идеја и сакаат да ја реализираат можат да подигнат кредит за основање сопствена компанија до 5.000 евра за носителот на кредитот и дополнително по 4.000 евра за секое новоотворено работно место односно кредит во вкупен износ до 23.000 евра под навистина поволни услови со 7 години рок за отплата и една и пол година грејс период со каматна стапка од само 1 процент годишно“, информираше на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Потсети дека во тек е и огласот за давање земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање за социјално загрозените лица и за корисници на социјална парична помош преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Сите заинтересирани корисници на социјална парична помош, односно околу 30.000 домаќинства може да ја искористат оваа можност да аплицираат и да добијат на плодоуживање земјоделско земјиште до 3 хектари. Вкупно на располагање во 11 општини се ставаат 133 хектари за оваа намена. Јавниот оглас трае 30 дена од неговото објавување, рече Спасов.

Додаде дека примателите на социјална парична помош кои ќе аплицираат и ќе се регистрираат за земјоделци, во наредните две години нема да ја изгубат социјалната парична помош, а допопкнително и ќе и биде плаќано социјално осигурување исто така за две години.

– За овие четири мерки кои континуирано се објавуваат изминатиов период, односно од 2007 до 2014 година, вкупно имаат аплицирано 7.311 лица. Притоа вработени се вкупно 4.179  лица од кои се уште се на работа најголемиот број на вработените, односно 3.828 лица, рече министерот за труд и сицијална политика.

Додаде дека за овие мерки аплицирале 2.139 млади лица до 29 години, а вработени се вкупно 1.338 лица. Ова, рече Спасов, се бројки кои само ја потврдуваат можноста ја даваат овие мерки да се отворат нови работни места и да се вработат што е можно повеќе граѓани во нашата држава.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски истакна дека покрај мерките за млади за самовработување со кредитирање и дополнителни вработувања преку кредитирање на млади, има и мерки кои се однесуваат и на сите други невработени лица, без разлика на староста, без разлика каков статус имале во минатото.

Истакна дека има и поволни можности за лицата кои биле стечајни работници, технолошки вишоци од некоја компанија. Тие покрај 3.000 евра кои се даваат за самовработување, добиваат дополнителни 1.000 евра за кредит којшто се дава зависно каков проект ќе има направено од три до пет години.

– Доколку проектот се работи за услуги, трговија… може да подигнат средства за три лица. Доколку сите тројца се од оваа категорија ќе добијат дополнителни илјада евра. Првата година е грејс-период и имаат две години за враќање. Доколку се работи за проект за производство и ако се здружат до пет лица, носителот на проектот добива 5.000 евра, односно 6.000 евра ако е корисник, односно во минатото бил корисник на паричен надоместок по основ на стечај, ликвидација или вишок. Така тие можат да земат меѓу 17-18 илјади евра на вкупен обем на средства, со тоа што првата година им е грејс-период  а средствата треба да ги вратат за четири години со камата од само 1 процент, рече Поповски.

Тој истакна дека од досегашните искуства може да се види дека оние кои земале вакви кредити претежно отвораат компании за услуги, изработка на програми, мали услужни ресторани, услужни компании, ПР-агенции…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1