Младите под 21 година нема да возат бесни автомобили


После сообраќајната незгода која се случи викендов во близина на Ада Хуја во Белград во која загинаа три млади, потпретседателката на Владата и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека уште денес ќе се оформи работна група која по итна постапка ќе предложи мерки за заштита на младите во сообраќајот, пренесува Вечер.

-Несреќата во која загинаа тројца млади не обврзува да се обидеме да направиме се што е во наша моќ овие несреќи да ги спречиме, порача Михајловиќ.

Screenshot_1

За жал, таа предупреди дека се повеќе млади ги губат животите бидејќи возат пијани и моќни автомобили.

-Затоа како министер сум надлежна за оваа област и одлучив да се оформи работна група која по итна постапка ќе предложи измени и дополнувања на Законот за безбедност во сообраќајот со цел на заштита на младите возачи кои се учесници во сообраќајот, објаснува министерката.

Таа прецизираше дека нејзиниот предлог на членовите на работната група ќе биде на лицата до 21 година да им се забрани да управуваат со моторно возило со сила поголема од 1.400 кубика, управување со моторно возило во периодот од 23 часот до 6 часот наутро како и нулта толеранција на алкохол.

Исто така, двојно ќе се зголемат казните доколку во возилата има малолетни деца.

-Спремна сум како министер за овие мерки да разговарам со стручњаците од областа на сообраќајот, да ја погледнеме праксата од европските држави кои имаат слични прописи како и да разговарам со родителите, објасни Михајловиќ.

Таа изрази одлучност измените на законот кои ќе следат после консултациите и одлуката на Народното собрание на Србија да бидат усвоени по итна постапка како и да почнат да се применуваат од 1ви јануари 2015 година.

Имено, во несреќата загинаа три млади лица од шесте кои со автомобил БМВ излетале од патот и паднале во Дунав.

Милош Ј. бил затворен во багажот а автомобилот го управувал Душан Ј.(19), а загинале и Немања А. (18) и девојката А.С. (16).

Возачот успеал да исплива на површината заедно со Милица Ј. (18) и Лука В. (18).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1