Мундијалот во Русија ја зема првата жртва и тоа во Индија, каде навивач на Аргентина се самоубил поради дебаклот од Хрватска (0-3).
Дину Алекс бил голем навивач на Аргентина, ја нашле и пораката која ја напишал по поразот дека „нема причина за што понатаму да живее“. Телото на 30-годишниот Алекс од селото Аруманор било пронајдено во блиската река, а полицијата смета дека тој скокнал од мостот и се удавил.
Неговите пријатели изјавиле во полиција дека Дину бил убеден дека Аргентина ќе стигне далеку во Русија, па дури и дека ќе ја освои светската титула.