Младо момче се самоуби поради поразот на Аргентина на Мундијалот во Русија


Мундијалот во Русија ја зема првата жртва и тоа во Индија, каде навивач на Аргентина се самоубил поради дебаклот од Хрватска (0-3).

Дину Алекс бил голем навивач на Аргентина,  ја нашле и пораката која ја напишал по поразот дека „нема причина за што понатаму да живее“. Телото на 30-годишниот Алекс од селото Аруманор било пронајдено во блиската река, а полицијата смета дека тој скокнал од мостот и се удавил.

Неговите пријатели изјавиле во полиција дека Дину бил убеден дека Аргентина ќе стигне далеку во Русија, па дури и дека ќе ја освои светската титула.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1