Млекарот Илиевски го искршил штабот на СДСМ во Битола?


Иако засега сеуште нема официјални информации од Бихачка, околу случувањата во штабот на СДСМ, по објавувањето на неофицијалните резултати за поразот на Менде Диневски,сепак од добро информирани извори на партијата, “Нова Македонија” дознава дека инцидентот наводно го предизвикале Душко Илиевски – млекарот и негови приврзаници кои предизвикале судир со обезбедувањето на изборниот штаб, како и други членови и спонзори на партијата, кои барале итна и безусловна смена на раководството на партијата

dusko ilievski mlekarotТие својот бес го насочиле кон кандидатот за градоначалник Менде Диневски и локалниот лидер Васко Ковачевски.

Тие наводно  откако го пробиле обезбедувањето  се  упатиле кон раководството на партијата  барајќи нивна смена  и заканувајќи  се дека   доколку не дојде до смена на општинското  раководство ќе го запалат седиштето на СДСМ, пишува Нова Македонија повикувајќи се на свои извори во партијата.

Моментно општинската зграда на СДСМ во Битола е заклучена и сите членови и симпатизери на партијата и коалицијата “За подобра Македонија“ се разотидоа.

Од битолската полиција сеуште не сакаат да излегуваат со  информации за инцидентот во партијата,  бидејќи увидните екипи  не се е имале вратено од терен. Тие ќе се произнесат  по документирањето на случајот.

Инаку,  додека во општинската зграда на СДСМ навистина  беше мачна  атмосферата, во седиштето на  коалициониот  партнер, ЛДП вечерва  во Битола се славеше.

Тие својата разочараност од поразот на локалните избори во Битола ја лечеа со победата  на нивниот лидер  Андреј Жерновски во општина Центар во Скопје.

Povekje na – Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1