Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ добил повеќе смртни закани преку смс поради прифаќањето на нацрт договорот меѓу Србија и Косово вчера во Брисел
Во пораките непознати лица му се закануваат дека ќе го убијат него и неговото семејство. Ова се само дел од пораките кои потпретседателот ги примил денеска.
13.46 – број 0621443696: „Пи*ко, го предаде Косово. Ќе бидеш убиен како Зоран од ДС“
13.47- 0621443696:,,Многу скоро ќе бидеш убиен,,
13.49,,Издајнику за тебе куршум. Да не живееш повеќе.“
0628354205: „Само да ти кажам дека се подготвува уривање на владата! Подобро бегај, имаме снајпер.„
„Проклет да си г**но. Да даде Господ тие Шиптари да ги го заколат и родот и породот да ти се уништи!“
Пронајдени се и летоци со кои наводно Српските радикали денеска во Белград, Нови Сад и Косовска Митровица им ги делеле броевите од мобилните телефони на премиерот Ивица Дачиќ и потпретседателот на владата Вучиќ за да им испраќаат негативни пораки.