Мобилните телефони наскоро ќе препознаваат симптоми на депресија


Депресијата е состојба од која патат многу луѓе ширум светот. Не само депресијата, туку општо психичките болести се во постојан пораст, а нивното дијагностицирање во најголем дел од случаевите не се врши во раната фаза.

Од друга страна пак, еволуцијата на мобилните телефони се движи со невидена брзина. Многу скоро беше измислен првиот паметен телефон, а за многу кратко време започнаа и да се развиваат многу медицински алатки, кои солидно функцонираат на оперативните системи на паметните телефони.

Досега воглавно сите медицински апликации кои функционираат на мобилните телефони се главно “аматерски” и неможат буквално да ни помогнат во подобрување на нашето здравје, но затоа многу наскоро научниците од Американскиот Универзитет Northwestern ќе ја лансираат првата професионална медицинска апликација која ќе функционира на смартфоните, а ќе има задача да ги анализира и препознава симптомите на депресија кај корисникот на мобилниот каде што апликацијата е инсталирана.

Апликацијата ќе носи име Mobilyze, а ќе има за задача преку сложени анализи на животниот стил на корисникот да ги детектира најраните симптоми на депресија и некои други психолошки нарушувања за да го извести корисникот за навреме да превземе превентивни мерки. Освен што ќе го известува корисникот, апликацијата ќе има опција преку која ќе може да го известува и лекарот, користејќи го интернетот како посредник.

Имено, кај лицата кои имаат веќе дијагностицирано депресија или друга слична состојба програмата ќе може да го анализира животниот стил на корисникот и податоците да ги обработува и постојано да ги препаќа на задолжениот лекар – специјалист.

Напредокот на смартфоните е одличен начин тие да се искористат и за подобрување на здравјето на луѓето и за превенција од разни заболувања. Научниците од многу универзитети веќе сериозно работат и на други апликации кои ќе бидат професионални и ќе помогнат во раното дијагностицирање и превенција на многу болести.

Наскоро можеме да кажеме дека сите ние ќе имаме џебен лекар кој ќе ни помага во одржување на здравјето, програми кои ќе дијагностицираат, превенираат и ќе стапуваат во контакт со нашите матични лекари и специјалисти по што значително ќе се намалат трошоците, турканиците и нервозите.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1