Правниците и сметководителите земаат највисоки плати во Македонија


Највисока плата во Македонија имаат вработените во правните и во сметководствените дејности, во износ од 56.003 денари. Ова го покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика за просечната нето-плата во земјава во септември, пишува Капитал.

Според висината на платите, следни на листа се вработените во

– воздухопловниот транспорт (40.283 денари),

– телекомуникациите (39.889),

– финансискиот сектор (37.338),

– фармацијата (36.726)

– производството и дистрибуцијата на електрична енергија (35.747).

Во септември просечната нето-плата изнесуваше 20.779 денари. Според податоците платите минимално, но сепак се зголемиле оваа година.

Поради финансиската криза најмногу на удар и намалување на платите имале вработените во финансискиот сектор – од 50.723 денари, е намалена на 40.329 денари.

Помали плати има и во прехранбената, хемиската и во кожната индустрија, издавачката дејност, производството на основни метали, трговијата со моторни возила, сообраќајниот сектор. Во сите други сектори има минимално зголемување.

Извор: Капитал.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1